0
Во скопската населба Скопско поле, вчера 60-годишен маж со својот автомобил „рено лагуна“ удрил во малолетно девојче – пешак.
По несреќата, девојчето било пренесено во Комплекс клиниките „Мајка Тереза“, каде и биле констатирани тешки телесни повреди.
Извршен бил увид на местото на настанот, соопштија од МВР.