Прегазена 56-годишна скопјанка во населба Даме Груев

by irena 13:47
13:47

МВР информира дека вчера во 14:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Лука Геров“ во Скопје, патничко возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.П.(66) од Скопје, удрило во 56-годишната Д.В. од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Д.В., констатирани во Јавна здравствена установа „Св. Наум Охридски“ Скопје.

Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Слични вести