554
Триесет и тригодишна жена пешак од Јегуновце е тешко повредена откако во неа удрило возило „Мерцедес“ управувано од 36 годишник на булеварот „Маршал Тито“ во Тетово. Сообраќајната несреќа се случила вчера околу 16 часот.
-Патничко моторно возило „Мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Х.Х.(36) од тетовски Порој, удрило во 33-годишната И.Ѓ.(пешак) од Јегуновце. Во незгодата, И.Ѓ. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница, информира денес Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.