Прегазен пешак во Тетово

by irena 12:31
12:31

МВР информира дека вчера во 09:55 часот во СВР Тетово е пријавено дека на улица ,,Маршал Тито” во Тетово патничко возило „форд“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.А.(47) од село Палатица, удрило во пешакот М.Н.(73) од Тетово.

Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Тетово, информираа од полицијата.

Увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово.

Слични вести