Малолетник со тротинет удри во 32 годишна тетовка – жената заврши во болница

by irena 12:15
12:15

Жена од тетовското село Непроштено е пренесена во болница по несреќа откако падна од електричен тротинет.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила околу 10:00 часот на улицата „Илинденска“, спроти Основниот суд во Тетово.

Електричниот тротинет го управувал 16-годишник, тој удрил во 32-годишната И.Ѓ.

Поради сериозноста на повредите, жената била итно пренесена во Клиничката болница во Тетово, а потоа упатена на понатамошно лекување во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Полицијата продолжува со истрага за целосно утврдување на околностите под кои се случил инцидентот.

Слични вести