1
На 17.11.2024 во 17.50 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека на ул.„Светозар Марковиќ“ во Делчево, патничко возило „шкода“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од З.О.(48), удрило во пешакот Т.А.(57), двајцата од Делчево.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево.