Прегазен пешак на „Теодосиј Гологанов“, возачот избегал

by Fokus

Тешко повреден 52-годишен пешак на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, кога во него удрил автомобил и побегнал од местото.

Според информациите од МВР, несреќата се случила доцна синоќа во 23.30 часот.

„На 24.02.2025 во 23.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ и ул.„Њуделхиска“, патничко возило „волво“ со скопски регистарски ознаки, удрило во семафор и во пешакот Г.Ц.(52) од Скопје, по што возачот го напуштил местото. Притоа, пешакот се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза““ соопшти МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.

Поврзани новости