74
МВР информира дека синоќа во 21.30 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево – Охрид, кај с. Другово, Кичевско, патничко возило „бмв х6“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Р.Л.(53) од с. Ливада, Струшко, удрило во пешакот С.Д.(53) од с. Другово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Медицинскиот центар Кичево.
Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кичево.