Прегазен е пешак на улица во Скопје, возачот со автомобилот побегнал од местото

by Fokus

МВР информира дека вчера рано наутро во 06.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, патничко возило удрило во пешакот М.Б.(50) од Скопје, по што возачот со возилото го напуштил местото.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот. констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Поврзани новости