Прегазен е млад тетовец кој возел велосипед во Кисела Вода, во него удрил автомобил

by Fokus

МВР информира дека вчера попладне во 16.35 часот било пријавено дека во Скопје на ул. „Христо Татарчев“ патничко моторно возило „опел“ со скопски регистарски ознаки управувано од Д.Б.(51) од Скопје удрило во велосипед управуван од А.З.(36) од Тетово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Поврзани новости