186
МВР информира дека на 24.08.2024 во 07.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„4“ во с. Ржаничино, скопско, патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.М.(31) од с. Петровец, удрило во малолетен пешак од с. Ржаничино.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.