1
МВР информира дека вчера наутро во 09.26 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул. „Генерал Васко Карангелевски“ во Битола патничко возило „фолксваген поло“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.А.(64), удрило во пешакот А.Б.(89), двајцата од Битола.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Битола.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.