Прегазен 74-годишен пешак на улица во Скопје

by Fokus

МВР информира дека синоќа во 19.50 во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „Македонско – косовска бригада“ во Скопје, патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(23) удрило во пешак Ќ.А.(74), двајцата од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот Ќ.А., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ – Скопје.

Извршен бил увид на увидна екипа од СВР Скопје.

Поврзани новости