Префесорот Нестор Огинар приведен заедно со мајката на Пино

by lali

Нестор Огинар е вториот од тројцата приведени, меѓу кои беше и Маја Трпковска, мајката на убиениот Пино Секондо, во полициската станица Беко поради нарушување на јавниот ред и мир, додека на плоштадот во Скопје се промовираше НАТО вежбата „Одлучен удар”

Македонскиот повратник од Њујорк, синоќа во Скопје беше приведен пред Порта Македонија, каде држел говор пред група приврзаници. Професорот во говорoт остро ја нападнал сегашната владина гарнитура за политиките кои ги спроведува, а особено бил дециден против НАТО како организација.

„Бев брутално нападнат од „македонските “ униформирани лица и приведен во полиција. Здрав и жив сум и уште посилно решен да се борам се додека не го урнеме овој фашистички режим и не ја вратиме Македонија на Македонците.Револуцијата што туку започнува!“, напиша Огинар.

Поврзани новости