Предвремените парламентарни избори 2020 ќе влезат во историјата, истакна Спасовски

by Fokus

Претседателот на владата, Оливер Спасовски на денешната прес-конференција истакна дека изборот е направен, а Република Северна Македонија продолжува по правиот пат кон европска држава.

„Упатувам честитки до сите кои излегоа и го остварија своето демократско право. Исто така упатувам благодарност до сите кои го организираа овој процес, а посебна благодарност до Комисијата за заразни болести. Уште еднаш покажавме европски вредности на дело. Организиравме мирни, фер, демократски и европски избори. Ќе влезат во историјата предвремените парламентарни избори 2020 година како се организираат со добра здравствена заштита. Пред нас е период на создавање функционални институции, пред се функционално Собрание и Влада. На вчерашниот демократски ден победи вољата на народот – истакна Спасовски.

Поврзани новости