569
Бугарскиот претседател Румен Радев потврди дека предвремените избори во Бугарија ќе се одржат на 11 јули.
Тој посочи дека не може да го распушти бугарскиот Парламент пред 11 мај, бидејќи треба да се запази Уставот и да се обезбедат не повеќе од два месеца до изборите.
-Ако го распуштиме Националното собрание во петок или понеделник, како што се настојува, тоа значи дека изборите ќе се одржат на 4 јули – рече бугарскиот претседател Радев, додавајќи дека Централната изборна комисија не може да подготви избори за 4 јули, бидејќи, според него, нема да има доволно време.