Предвремени парламентарни избори во Црна Гора

by fokus

Утринава во седум часот се отворија гласачките места за предвремените парламентарни избори во Црна Гора – шести од обновувањето на независноста на земјата на референдум во 2006 година.

Граѓаните избираат свои претставници во Собранието од 15 изборни листи, а право на глас имаат 542.468 граѓани.

Јавна по овие избори очекува стабилна влада која би ја предводела Црна Гора во следните четири години, ќе го „одмрзне“ процесот на интеграција во ЕУ и ќе го забрза патот кон членство во Унијата, по три години политичка нестабилност и пад на две влади.

Фаворит на изборите е популарното, вонпарламентарно движење Европа сега, предводено од поранешниот министер за финансии Милојко Спајиќ.

Кандидатот на тоа движење Јаков Милатовиќ на претседателските избори во април убедливо го победи актуелниот претседател на државата и лидер на Демократската партија на социјалистите (ДПС), Мило Ѓукановиќ.

Граѓанското движење УРА, премиерот во техничкиот мандат Дритан Абазовиќ, настапува заедно со демократите на поранешниот претседател на Парламентот на Црна Гора, Алексе Бечиќ, во коалицијата „Храбро се брои“.

Поврзани новости