-Триесет години Северна Македонија работи на дигитализацијата, од првиот ден на нејзината независност. Ние сме предводници во регионот во сегментот на телекомуникациите и поврзувањето и сме прва земја што брзо ги замени аналогните со дигиталните системи. Кај нас моментно 83 отсто од домаќинставата имаат пристап до широкопојасен интернет, а 91 процент од компаниите користат различна технологија и широкопојасен инренет, рече премиерот Димитар Ковачевски во своето обраќање на Дигиталниот самит, кој се оддржува во Талин во Естонија.
Тој рече дека години Македонија пред триесет години ја иницираше и ја изгради дигиталната трансбалканска линија со операторите од Турција, Бугарија, Албанија и Италија, обезбедувајќи комукникациско поврзување Исток – Запад.
-Со тоа ја отворивме вратата за широка соработка на економиите. Но, не сопревме тука. Ја поддржавме решеноста да изградиме оптика за секој дом. Лидери сме и во воведувањето на 5Г технологијата на пазарот. Создадовме инфрастурктура за дигитално поврзување. Ги елиминиравме и трошоците за роаминг во регионот, правејќи чекор напред кон ЕУ, рече Ковачевски.
Тој изјави дека Северна Македонија годинава го воведе и првиот асистент за вештачка интелигенција (АДА) што им помага на компаниите при аплицирањето за владина поддршка. Премиерот додаде дека само во првите два дена од воведувањето, АДА опслужи над 1 300 граѓани.
-Во процес сме на формирање агенција за дигитализација за брза и ефиаксна дигитална трансформација која ќе биде фокусирана на четирите столба: сајбер безбедност, ИТ инфраструктура, софтверски решенија и академски дел, изјави Ковачевски.