499
Oбилните врнежи од дожд и топењето на снегот во повеќето делови на Словенија предизвикаа ненадеeн пораст на нивото на водата на реките и зголемување на можноста за нивно излевање од коритата.
Обилни дождови и можни поплави и се закануваат и на Хрватска, а во одредени области од зeмјата е веќе издадено и предупредување.
Поплави во Словенија, може да се очекуваат главно во западните и јужните региони, а како соопштија од метеоролошката служба во текот на денот локално може да наврнат и до 100 милиметри дожд на метар квадратен.
Метеоролозите од Хрватска ги предупредуваат граѓаните да постапуваат според препораките издадени од надлежните органи.