836
Во Киев пред околу половина час повторно се вклучиле сирените за тревога од воздушен напад.
Видео од градот на кое се слушаат сирените објави и репортерот на „Си-ен-ен“ на социјалните мрежи.
„Киев индипендент“ исто така ја пренесе информацијата дека повторно се вклучиле сирените за тревога од воздушен напад.
-Жителите на Киев мора да отидат во најблиските засолништа сега. Се очекува силен воздушен напад, објави „Киев индипендент“.
И 30-тина минути претходно медиумот исто така го испрати истото предупредување преку социјалните мрежи.
Sirens right now in Kyiv pic.twitter.com/14QDuibKOy
— Alexander Marquardt (@MarquardtA) February 26, 2022