Предметот сигурно ќе биде одлучен, рече Костадиновски за законот за јазици

by Фокус

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, во интервју за ТВ21 рече дека веќе е во комуникација со претставници од Венецијанската комисија во врска со пријателскиот совет за предметот во кој е оспорен Законот за употреба на јазиците.

-Јас сум сигурен дека овој предмет ќе биде одлучен. Никој да нема дилема, му се допаѓало некому или не овој предмет ќе биде одлучен. Кого тоа ние треба да прашаме кога треба да одлучуваме за овој предмет? Ние имаме јасна должност. Имаме иницијатива треба да постапиме, сензитивен бил предметот, да но тоа нема никаква врска одлучувањето наше со никакво политичко, етничко расудување.

Напротив државните органи, политичките фактори треба да бидат свесни, среќни затоа што Судот ќе им даде уставно-втемелени аргументи, што во одреден закон е уставно, а што не е уставно, за нив претставува една рамка, ние им ја олеснуваме работата  – рече тој.

Поврзани новости