На лидерот на Златна зора и на шесттемина поранешни пратеници да им биде одредена затворска казна од 13 години, предложи надлежната обвинителка на денешното рочиште, јави дописничката на МИА од Атина.
Согласно Кривичниот закон, казните за формирање криминална организација се од пет до 15 години затвор.
Предлозите на обвинителката за прогласените за виновни за учество во криминална организација е пет години затвор (за оние за кои беа земени предвид олеснителните околности) и седум години затворска казна за останатите.
За убиецот на музичарот Павлос Фисас, обвинителката предложи доживотна затворска казна, додека пак за соучесниците осум години казна затвор.
Рочиштето продолжува со приговори од адвокатите на обвинетите, а подоцна во текот на денот, се очекува судијката да ги соопшти конечните казни.