557
Предлог за законски измени со цел укинување на техничката предизборна влада договорена во пржинскиот процес утре треба да стигне во Собранието.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе достави предлог за укинување на техничката влада и ја повика власта да го поддржи заедно со барањето за предвремени избори.
Наспроти тоа, власта на СДСМ и ДУИ останува на ставот да се оди на редовни избори во 2024 година, бидејќи, според нив, предвремени избори сега во услови на здравствена, економска и енергетска криза се непотребни.