844
Предлогот за новиот состав на Владата предводена од Зоран Заев најверојатно во понеделник ќе биде доставен до Собранието, објави Алсат М.
По поднесениот предлог, почнува да тече законскиот рок од 15 дена за гласање за нејзин избор, но, според телевизијата, очекувањата се дека изборот ќе се случи пред крајот на предвидениот рок.
Собранието вчера на продолението на конститутивна седница со 62 гласа „за“ го реизбра Талат Џафери за претседател на Собранието, а пратеникот Костадин Костадинов е назначен за претседател на Комисијата за прашања за избори и именувања.