Предлог-законот за попис на дневен ред на Комисијата за европски прашања

by Fokus

Предлог-законот за попис повторно е на дневен ред на собраниската  Комисија за европски прашања. Предлог-законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2020 година е во собраниска процедура со европско знаменце. Со законот, чие донесување се предлага, се предвидуваат средства во износ од 522.751.000 денари, кои треба да се обезбедат од Буџетот на Република Северна Македонија.

-Со донесувањето на предложениот закон, Република Северна Македонија на меѓународен план ќе ги исполни обврските од меѓународните акти донесени од надлежни тела и органи, а истовремено, податоците што ќе се добијат со пописот ќе претставуваат солидна основа за потребите на општеството во целина, се вели во законското образложение.

ВМРО-ДПМНЕ реагираше за овој предлог-закон и за начинот на кој требаше да биде донесен. „Законот е изготвен без консултации, и со ставањето на европско знаменце власта се обидува да протне законски текст без јавна дебата“, реагираа од опозицијата. Минатиот месец беше откажана расправата за Предлог-законот пред Комисијата за европски прашања.

 

Поврзани новости