923
Состојбата во Крушево со корона вирусот е алармантна со над 170 заразени од почетокот на оваа година, што ги натера надлежните да размислат на нови рестрикции во градот.
На вчерашниот состанок, општинскиот кризен штаб предложил полицискиот час во наредните три седмици за Крушево да започнува од 19 часот.
Ист така, ќе се прават двојно повеќе тестови за корона вирус, со надеж што побрзо да се откријат контактите и состојбата да се стави под контрола.