Од четврток Оперативно техничката агенција (ОТА0 останува без директор, бидејќи на сегашниот директор Зоран Ангеловски му истекува петгодишниот мандат. До Собранието вчера е поднесена предлог-одлука за распишување на оглас за избор на нов директор на ОТА.
На денешната пленарна седница на Собранието на дневен ред е ставена предлог-одлуката за објавување јавен оглас за избор на директор на ОТА, како прва точка на дневен ред.
Предлагачи се пратеничката на СДСМ, Марија Костадинова, и нејзиниот колега од владејачкото мнозинство и координатор на пратеничката група на ДУИ, Арбер Адеми.
Актуелниот директор на ОТА, Ангеловски беше избран со Собранието со двотретинско мнозинство, односно со гласовите на власта и на опозицијата на 7 септември 2018 година.
Според Законот за ОТА, мандатот на директорот на Агенцијата трае пет години, без право на повторен избор.
Според важечкиот кога нема легитимно избран директор, со институцијата не може да раководи друго лице, ниту да се пренесуваат надлежностите.
Актуелниот директор Ангеловски дека
-Доколку ситуацијата не се надмине, ќе се создаде правен вакуум во раководењето со институцијата. Формално-правно институцијата нема да престане да постои, но несомнено ќе се соочи со сериозни и бројни предизвици во извршувањето на своите надлежности и во работата на нејзините вработени, изјави актуелниот директор Ангеловски за редакцијата на 360.