Предлог буџетот за 2022 година на 15 ноември влегува во Собранието

by fokus

Предлог Буџетот за 2022 година на 15 ноември влегува во Собранието, каде десет дена по него ќе се расправа на седница на матичната Комисија за финансирање и буџет.

Во овој временски период ќе има амандманска расправа, по што тој ќе биде вратен во Владата која ќе изготви дополнет предлог со евентуално прифатени амандмани, по што ќе се врати на пленарна седница на Собранието.

Буџетот треба да биде донесен најдоцна до 31 декември годинава.

Вкупните расходи се планирани на ниво од 272,4 милијарди денари (3,885 милијарди евра) или 32 проценти од БДП, а приходите на 238,9 милијарди денари (4,4 милијарди евра) или 30,9 проценти од БДП. Вкупните приходи се за 7,4 проценти повисоки од 2021, а кај расходите има зголемување за 1,4 проценти во споредба со расходите во 2021 година, но тие се пониски како процент од БДП споредено со 2021 година.

Дефицитот е на ниво од 33,5 милијарди денари (545 милиони евра) или 4,3 проценти од БДП, а стапката на инфлација е проектирана на 2,4 проценти и се очекува во втората половина од годината веќе да се намали притисокот предизвикан од енергетската криза.

Со седницата на Комисијата за финансирање и буџет ќе заседава Марија Петрушевска, заменичка на досегашниот претседател на Комисијата Тимчо Муцунски, кој беше избран за градоначалник на Општина Аеродром.

Поврзани новости