Здружението „Хендикеп плус” реагира на предизборниот спот на ВМРО-ДПМНЕ под слоганот „Исправи се Македонијо“, посочувајќи дека дел од интерпретациите на содржината на спотот оставаат можност лицата со попреченост да бидат прикажани во понижувачки контекст, во деградирачка и навредлива позиција наспроти сите другите.
„Асоцијациите на свиткани луѓе како понижени, помалку вредни и недостојни, на што може да асоцираат некои пораки и сцени во спотот, уште еднаш покажува колку е ниска свеста за негативните последици кои може да ги почувствуваат луѓето од овие групи кога се поставувуват во вакви позиции и добиваат таков третман. Многу неодговорно е таква политичка партија да нема сензибилност за специфичните психолошки реакции на луѓето кои имаат проблем со рбетот по нивното поставување во несоодветен симболички контекст“, посочуваат од Здружението.
Оттаму најавуваат дека ќе се консултираат со експерти за можните дискриминаторски и други несоодветни содржини на овој спот и преку својот правен тим да побараат од Советот за етика на медиумите негово повлекување од медиумите.