Актуелниот претседател на Бугарија и кандидат за втор мандат Румен Радев и независниот кандидат Анастас Герџиков, на дебата на БНТ во пресрет на вториот изборен круг, искажаа слични позиции за темата Македонија.
Претседателот Радев кажа дека Бугарија не може да каже „да“ за Македонија за членство во ЕУ пред, како што наведе, да запре кршењето на човековите права на Бугарите во земјата, систематската дебугаризација што се води со децении, уништувањето и фалисфикувањето на бугарското културно и историско наследство.
-Во моментов, вратата за преговори за С Македонија останува затворена – дециден беше Радев.
Според Герџиков, пак, потребен е поинаков пристап во односите меѓу двете земји, но не од страна на Бугарија, туку од страна на Северна Македонија.
Бугарија, вели Герџиков, сака да се почитува Договорот за добрососедство, што значи почитување на правата на Бугарите во Македонија, запирање на говорот на омраза, подобрување на транспортната поврзаност.