528
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ извикуваа „Предавник!“ кон министерот за надворешни работи, Никола Димитров, додека тој го образложуваше предлог законот за ратификација на договорот со Грција за време на денешната собраниска седница. Опозициските пратеници освен што довикуваа погрдни зборови кон министерот, реагираа за време на процедурата, негодуваа и тропаа по собраниските клупи.
Откако Собранието со 69 гласа „за“ одлучи предлог законот да се донесе по скратена постапка, ВМРО-ДПМНЕ ја напушти собраниската сала.