Пред ВМРО-ДПМНЕ се слави со „Едно име имаме“

by fokus

Поголема група на членови и поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ вечерва ја прославува изборната победа пред Центарлниот штаб на партијата.

Славјето е проследено со трубачи, а се пееше и песната „Едно име имаме“. Се вејат и знамиња со сонцето од Кутлеш.

Во еден момент и лидерот Христијан Мицкоски излезе меѓу присутните поддржувачи.

Поврзани новости