Пред три месеци сличен случај во Србија: Кучиња со сопственик усмртија новинар

by fokus

Слична трагедијата на онаа која вчера се случи во скопската населба Пинтија кога домашно куче усмрти осумгодишно дете, се случи во јануари годинава во Србија со таа разлика што во тој случај кучињата кои имале сопственик излегле од дворот.

Тој настан се случи во местото Велика Иванча, кога три кучиња кои имале сопственик, излегле од дворот преку отворена врата и нападнале маж и жена кои поминувале во близина.

Мажот, познатиот новинар и аналитичар Владан Радосављевиќ (62) искрварел на лице место, додека неговата сопруга со тешки повреди била пренесена на клиниката во Белград.

Дел од кучињата кои на себе имале околувратници биле од расата стафорд. Едното било чиста раса стафорд, другото било микс од стафорд и питбул, а третото непозната раса.

По настанот, полицијата ја упаси В.М.(50) поради сомнение дека сторила кривично дело тешко кривично дело против општата безбедност во врска со кривичното дело предизвикување јавна опасност од небрежност.

В.М. повремено ги хранела кучињата, а кобната вечер не ги обезбедила кафезите од кои кучињата успеале да излезат.

Трите кучиња биле во сопственост на А.С, кој издржувал затворска казна.

Поврзани новости