447
Авионот со полскиот претседател се упатил кон Жешов, каде Анджеј Дуда требало да се сретне со Бајден, но се вратил во Варшава и принудно слетал.
Претседателот не бил во животна опасност, соопшти неговиот кабинет.
Состанокот со Бајден ќе задоцни. Бајден веќе слета во полски град на околу 70 километри од границата со Украина.
Полските медиуми наведуваат дека авионот на претседателот морал да се врати на аеродромот во Варшава веднаш по полетувањето поради технички проблеми, пишува Би-Би-Си.