530
Во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција денеска за потребите на истрагата „Рекет“ сведочела и шефицата на кабинетот на Јанева во СЈО.
Денеска требаше да сведочи и обвинителот надлежен за случајот Поштенска Банка на СЈО, но поради обврски на рочиште за предметот ТНТ, Бурим Рустеми го одложи сведочењето за утре.
Досега сведочеа и обвинителките во СЈО, Лиле Стефанова (надлежна во случајот Империја) и Елизабета Јосифовска (заменик на Јанева во СЈО која потпишала решение за отфрлање на притвор за Орце Камчев).
Во истрагата за „Рекет“ засега осомничени се Бојан Јовановски и Зоран Милевски Кичеец.