Околу 30 000 луѓе учествуваа на Парадата на гордоста во Женева денеска, две недели пред референдумот во Швајцарија за легализација на истополовите бракови.
Учесниците повикаа да се гласа за легализација на хомосексуалните бракови со порака – „Бракот ќе го промени нашиот живот, а не вашиот“.
Швајцарскиот парламент ја отвори вратата за легализација на истополовите бракови со гласање во јуни минатата година, а законот треба да биде потврден на референдум на 26 септември.
Истражувањата покажуваат дека околу 80 проценти поддржуваат истополови бракови, иако Швајцарија заостанува зад другите западни земји во однос на правата на сексуалните малцинства.
-Дури и Бразил и земјите од Латинска Америка одамна ги легализираа истополовите бракови, мислам во 2013 година. Но, овде, во Швајцарија, развиена и богата земја, треба да гласаме за нешто што е толку очигледно. Не треба да има референдум за тоа, рече Кели Хекс, жителка на Женева, додавајќи дека се надева оти законот ќе биде изгласан на 26 септември.