Пред Нова година пресуда за „Тарифа“

by fokus

Неколку дена пред Нова година, односно на 27 декември, ќе биде изречена пресудата за случајот “Тарифа“, еден од предметите на поранешното Специјално јавно обвинителство, којшто сега е во надлежност на Јавното обвинителство.

Како што соопштија од Коалицијата Сите за правично судење, на денешното рочиште биле изведени завршните зборови на двајца бранители и обвинетите. Судот закажал објава на пресудата за на 27 декември во 10 часот.

Во случајот „Тарифа“ обвинет е поранешниот генерален директор на АД „ЕЛЕМ“ Дејан Бошковски и уште други две лица за противзаконска набавка на софтверски систем за потребите на државната компанија „Електрани на Македонија“ вреден околу четири милиони евра.

Според обвинителството, обвинетите ја злоупотребиле службената положба и овластувањето во постапка за јавна набавка на софтвер – „ЕРП систем“. Обвинетите со неизвршување на службената должност овозможиле правното лице – конзорциум, кое подоцна го добило тендерот, да се квалификува во втората фаза на преговарање при јавната набавка, иако немало доставено комплетна документација.

Поврзани новости