Пред да гласаат за законот за амнестија, Лога на пратениците им подели фотографии од затворот Идризово

by Fokus

Пред гласањето на законот за амнестија, министерот за правда Кренар Лига на пратениците во Собранието им подели албуми со фотографии од затворот „Идризово“ на кои се гледа лошата состојба во која се наоѓа установата.

Лога е и предлагач на законот за амнестија.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ претходно неколкупати најави дека ќе го блокира носењето на предложениот закон со доставување голем број амандмани, а амандмани најави и владејачкиот СДСМ доколку со законското решение се опфатени и осудениците од предметот „Монструм“.

Министерот Лога рече дека предлог-законот за амнестија е ист како оној од 2018 година кој што го поддржала и ВМРО-ДПМНЕ.

„ Законот за амнестија е ист како оној од 2018 година што го поддржа и ВМРО-ДПМНЕ, ако сега блокираат нека им е на чест. Инаку, новиот предлог-закон за амнестија предвидува целосно ослободување на лицата осудени на затворски казни до шест месеци, а осудениците со казни од шест месеци ќе се ослободат од издржување на 30 отсто од целокупната казна изречена со правосилна пресуда. Исклучок од амнестијата има за тешките кривични дела“ изјави Лога.

Фото:МИА

Поврзани новости