Извесен Д.Д.(53) од Земун денеска без претходна најава со двајца адвокати дошол во Основното обвинителство во Белград за да пријави дека во 2016 година сам го закопал својот татко Б.Д.(79) во дворот на семејната куќа, откако старецот починал од природна смрт.
Како што соопшти Обвинителството, тој признал дека никому не ја пријавил смртта на својот татко, а пензијата можел постојано да ја подига непречено, за што веќе имал овластувања.
Тој се товари за кривично дело – измама.
Полицијата изврши увид на лице место кај обвинителот.
Според неофицијални информации, во дворот од куќата биле пронајдени череп и делови од скелет. Во тек е и идентификација.
Вишото јавно обвинителство наложи да се утврдат причините за смртта на Б.Д., за да се утврди дали неговиот син ја зборува вистината.