1.5K
Нашиот евровизиски претставник Васил Гарванлиев ќе настапи шести во првото полуфинале во Ротердам, Холандија на 18-ти мај.
Годинава, поради пандемијата со корона вирус, дозволено било во публика да присуствуваат 3.500 лица, кои задолжително мора да приложат негативен тест на вирусот.
Воедно, настанот со публика ќе биде и еден вид на тестирање кое го спроведува холандската влада.
Покрај Македонија, во првата полуфинална вечер ќе настапат и Литванија, Словенија, Русија, Шведска, Австралија, Ирска, Кипар, Норвешка, Хрватска, Белгија, Израел, Романија, Азербејџан, Украина и Малта.
Вики Клинчарова