Најголемиот износ на џекпот во Македонија го освои играч на ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА. Фантастични 32.185.186 е износот на НОВОГОДИШНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР кој е освоен на 08.01.2024 на видеолотариските терминали во Тетово.
Сите го посакуваа, а само еден играч имаше среќа да го освои. Најголемиот џекпот во Македонија, највредната и најпосакувана ВЛТ џекпот добивка, НОВОГОДИШНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР вчера донесе фантастични 32.185.186 денари. Повеќе од половина милион евра освои играч кај нашиот деловен соработник Делта Бет Моцарт во Тетово во 20:10 часот. 40 Брнинг хот е играта која му донесе среќа и неверојатни 32.185.186 денари.
Видеолотарија Касинос Австрија со нетрпение го очекува среќниот добитник, кој треба да пристигне во нашите простории секој момент, за да го подигне чекот на добитниот износ. Сакаме да ја слушнеме неговата среќна приказна на почетокот од 2024 година, која дефинитивно ќе биде убава за него и неговото семејство. Му го честитаме освојувањето на фантастичниот НОВОГОДИШНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР, добивка вредна 32.185.186 денари.
Ги информираме играчите на видеолотариските терминали на Видеолотарија Касинос Австрија, дека додека се забавуваат може и тие да станат добитници на СУПЕР МИЛИОНЕР со дефиниран опсег на добивката од 14 до 21 милион денари или МИЛИОНЕР со добитен износ од 1.200.000 до 1.800.000 денари.