Правосудството е независно, вели Ковачевски

by Fokus

Правосудството е независно а Владата само создава услови за унапредување на нивната работа, рече во интервју за Сител телевизија, премиерот Димитар Ковачевски.

„Јас секогаш сум имал став во однос на работата и на обвинителството и на судството, тие според нашето уредување се независни во извршувањето на своите надлежности. Она што Владата има обврска да го направи тоа е да подготви соодветни законски решенија кои што ги има направено преку Министерството за правда и нормално изгласани во парламентот. Второ, да обезбеди независен буџет, што исто така го има направено. Трето, да обезбеди соодветна ренумерација на кадрите во обвинителството и судството, што исто така го има направено. Во време на најкризна година. Платите во овие институции беа зголемени“, вели Ковачевски.

Поврзани новости