Правосудните институции да ја зголемат ефикасноста, порачува Ковачевски

by fokus

Кога некоја институција работи независно и има независен буџет кој не е дојден од никаде, туку го плаќаат даночните оврзници, таа институција треба да возврати со ефикасна работа, а со тоа и да се здобие со доверба кај граѓаните, апелира премиерот, Димитар Ковачевски до правосудните институции.

-Вие самите рековте дека има истражувања на јавно мислење кое вели дека кредибилитетот на институциите во судството и обвинителството е само осум проценти, а тоа значи дека само осум отсто од оние кои ја финансираат нивната работа ги сметаат за кредибилни. Затоа сметам дека овие институции треба соодветно на своите надлежности да ги зголемат своите перформанси за да го зголемат својот кредибилитет и ефикасноста на своето работење, рече Ковачевски.

Би било пожелно, нагласи тој, доколку секоја институција вклучително и обвинителството и судството можат да се пофалат со транспарентност во која што ќе можат граѓаните кои што ги плаќаат даноците да знаат колку предмети се во обработка, колку биле од нив сработени, каков е резултатот.

Поврзани новости