417
Со свечена литургија, молитва и свеќа за здравје и бериќет, православните христијани го одбележуваат големиот празник Успение на Пресвета Богородица, попознат кај народот како Голема Богородица.
Во манастирот Успение на Пресвета Богородица во Матка, крај Скопје, одбележувањето на празникот започнува денеска попладне, со вечерна богослужба (17:30), а на полноќ ќе започне сеноќно бдеење.
На денот на празникот утре, Светата Божествена литургија ќе започне во 8 и 30 часот, а со неа ќе чиноначалствува поглаварот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан.