Православните христијани го слават Богојавление – Водици

by Fokus

Денеска православните христијани го слават празникот Богојавление – Водици.

Денот кога Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан.

На овој ден во реките се положува светиот крст, а оној кој ќе го фати, се верува дека ќе го следи среќа и благослов цела година.

Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со положувањето на крстот, водите стануваат лековити.

Поврзани новости