Правнуката на Јосип Броз Тито, Сара, која е ќерка на неговата внука, режисерката Саша Броз и актерот Ранко Зидариќ, решила да го промени своето презиме, бидејќи не сакала да го помине животот носејќи го товарот од познато презиме.
Таа се одлучила да го носи презимето на нејзината прабаба, Херта Хаас, која беше во брак со Тито и го добија синот Мишо Броз, таткото на Саша.
-Јас и мојот сопруг знаеме што значи товар од семејно презиме. Неговиот татко исто така беше популарен актер, јас сум внука на Тито… Ја поддржавме Сара кога се одлучи да го земе презимето на мојата баба, бидејќи почувствувавме дека тоа и дојде природно, и секако дека има смисол – за хрватските медиуми појасни мајката на Сара, режисерката Броз.
Таа додаде дека во своите 53 години секогаш била горда на презимето Броз и со гордост го носела.
-Во театарот презимето ништо не значи. Важен е печатот кој ќе го оставиш со својата работа, и тоа нема врска со генетиката – раскажа внуката на Тито.
Вики Клинчарова