Правните експерти заседаваат од 16 часот кај Пендаровски, имаат различни ставови

by fokus

Претседателот Стево Пендаровски во вечерашното интервју на телевизија Телма рече дека групата на правни експерти која треба да најде правен начин за да се одложат изборите заседава од 16 часот и се уште работи на изнаоѓање на решение.

Денеска во 16 часот започна седницата на експертите во мојот Кабинет. Поради поделбата која постои меѓу политичките партии, морав  и така да ги изберам експертите, да ги измешам.
Тие се уште работат и морам да кажам дека има доста дисонантни ставови. На мој повик дојде и професорот Светомир Шкариќ, за кој знаеме каков авторитет е.
Едниот став е дека Собранието по самораспуштањето не може да се врати назад, во никој случај, па дури ни во војна.
Другиот став е дека Собранието е распуштено, но мандатот на пратениците трае додека не се изберат нови и дека во вакви ситуации Собранието може да се свика.
Ја чекам одлуката на правниот тим, како ова правно да го надминеме, но иста така е јасно дека постои ургентна потреба за одложување на изборите, рече Пендаровски.

Тој додаде дека вечерва, најдоцна утре, правните експерти треба да донесат одлука, и дека следните чекори треба да бидат преземени најдоцна во следните 48 часа.

Поврзани новости