Дека Жан Митрев не е виновен и против него се води хајка смета и Бранко Геровски, кој е познат правник толкувач на повеќе судски предмети, само што не е толкувач на ниту еден предмет за обичен смртник, туку по некоја случајност обвинетите сите да ти се поранешни или сегашни функционери, финансиски и политички моќни. Сосем случајно секако Геровски ја брани баш таа категорија луѓе.Воедно, не му сметаше долгогодишни новинари и новинарки од ИРЛ да ги става во наводници, а Марјан Доказ да го нарекува и брани како новинар.
Пишува: Јанаки МИТРОВСКИ
Судот да отвори четири очи кога ќе пресудува бидејќи како што постојат луѓе, кои се незадоволни и сметаат дека се измамени, така има луѓе кои се задоволни и сметаат дека не се измамени. Ова по повод поднесеното обвинение против Жан Митрев го изјави “бардот” на македонското казнено право академик Владо Камбовски. Го изјави и остана жив.
Како стогодишен стручњак по казнено право галиба знае кои се конститутивни елементи на измама- прикажување на лажни факти (дека хемофилтрацијата е проверен и одобрен метод, во корелација со лажно претставвуање како некаков си академик, титула доделена од бла бла невладина организација) држење на оштетените во заблуда (овој момент објективно ќе биде најтежок за докажување од страна на обвинителството) и нанесување штета, што е тесно поврзано со првите два елементи.
Дека Жан Митрев не е виновен и против него се води хајка смета и Бранко Геровски, кој е познат правник толкувач на повеќе судски предмети, само што не е толкувач на ниту еден предмет за обичен смртник, туку по некоја случајност обвинетите сите да ти се поранешни или сегашни функционери, финансиски и политички моќни. Сосем случајно секако Геровски ја брани баш таа категорија луѓе.Воедно, не му сметаше долгогодишни новинари и новинарки од ИРЛ да ги става во наводници, а Марјан Доказ да го нарекува и брани како новинар.
Зашто Геро е толку загрижен за Марјан Доказ и не е тешко да се претпостави, но јас алудирам на загриженост од вештачењата на телефоните на Доказ, кои пак некако заглибија. Не сме ја заборавиле комичната епизода кога се вршеше претрес на домот на Доказ кога Геро не известуваше како се упатил кон неговиот дом за да “се увери дека правата му се запазени” У реду е господине судија на претходна постапка, се потепавме да ви веруваме.
Во колумна за Трилинг го читав проф. д-р Гордан Калајџиев кој очигледно имал непосреден увид во судските списи на обемниот предмет, па го карактеризира обвинението како проблематично, изнесува мислење дека доколку наводите биле точни требало да се гони за несовесно лекување на болни итн. Кога прв пат го гледав Нечиста крв сметав дека постојат елементи( бидејки СЕКОЈ предмет кој не го работам директно го коментирам со резерва, што не е случај со Профа) и тоа за Несовесно лекување болни и Измама.
За Несовесно лекување болни се казнуваат лекари кои ќе применат очигледно неподобно средство или начин на лекување, нема да примени хигиенски мерки и со тоа ќе се влоши здравстената состојба на одредено лице. Веројатно било процена на ОЈО Скопје дека каузалната врска тука би била тешка за докажување.
Она што се согласувам со Калајџиев е дека обвинителството ќе има проблем да докажува дали мамел конкретни лица бидејќи според него се обраќал апстрактно и по телевизии, но Калајџиев случајно или не заборава, иако е експерт за кривична постапка дека постои доказно средство исказ на оштетен а пријавени се стотици кои ќе бидат распитани при суд и ќе кажат дали на ним Митрев или било кој од болницата ги убедувал дека методата е признаена, проверена итн бидејки покрај Митрев обвинета е и клиниката.
СКОПСКО ОБВИНИТЕЛСТВО ЌЕ ИМА ЃАВОЛСКИ ТЕШКА РАБОТА
Кога излезе Нечиста крв и јас како и илјадници други го споделив на социјална мрежа со прост коментар дека го сметам за спорно што Жан ја промовираше на телевизија методата како признаена во Германија што е ноторно неточно и елемент на измама- лажно прикажување на факт па и евентуално држење во заблуда. Ми се закачи прво во коментари, па во инбокс докторка од клиниката која бараше од мене, внимавајте, да посочам каде тоа не била признаена методата во Германија, што е прилично ступидно бидејќи не можеш да посочиш нешто што нели не постои.
Да бидам јасен, не прејудицирам вина кај клиниката или кај Жан. Скопското обвинителство ќе има ѓаволски тешка работа да докаже држење во заблуда, а со тоа и измама. И давам максимална поддршка на колегите бранители до крај да си ги бранат правата во вака обемен предмет.По искуство прогнозирам дека и да има осудителна пресуда истата ќе падне на Апелација по стариот добар рецепт “ нејасна и неразбирлива” и по тоа ќе се оди на одоговлекување. Но, да оставиме на времето.
Она што е јасно е дека не се штеди на купување на поддршка. Еден куп портали, кај кои по некоја случајност се рекламира клиниката, излегоа со замајувачка вест дека се докажало на суд дека кај Митрев нема никакви пропусти иако се работи за прекршочен предмет. Се прибавува поддршка, и тоа сега на почеток на судење, а немаше таква пред година дена кај домицилните експерти. Никој не пие нафта бардови!