Правен факултет се збогуваше со загинатиот студент Павле Костоски

by fokus

Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје се збогуваше со загинатиот Павле Костоски, кој бил студент на овој факултет.

Факултетот преку својот Фејсбук профил изрази сочуство до најблиските за трагичната загуба.

„Со голем тага ја примивме веста за трагичната смрт на нашиот колега Павле Костоски, чиј живот прерано згасна во трагичната автобуска несреќа.
Павле Костоски магистираше во ноември 2018 на насоката Граѓанско материјално и граѓанско процесно право, беше активен учесник во Правната клиника за ранливи групи и беше вклучен во различни студентски активности.
Ќе го паметиме по неговата амбициозност и посветеност.

Вработените и студентите на Факултетот сочувствуваат со болката на семејството и пријателите на Павле“, велат од Правен факултет.

Со голем тага ја примивме веста за трагичната смрт на нашиот колега Павле Костоски, чиј живот прерано згасна во…

Publiée par Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје sur Jeudi 14 février 2019

Поврзани новости