Правда контра Кацарска: Графата за националност е задолжителна уште со законот од 1995 година

by fokus

Откако денеска претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска рече дека  Упатството за матична евиденција со кое се внесува националноста во изводите е противуставно, од Министерството за правда тврдат дека националноста во изводите е предвидена уште со Законот за матична евиденција од 1995 година.

-Графата за националност е задолжителна .Упатството не се коси со законите, напротив, донесувањето на Упатството и внесувањето на националност во изводите се заснова токму со Законот за матична евиденција. Националност во матичната книга на родените се предвидува во членот 4, на венчаните во членот 11 и на умрените во член 13 од Законот за матична евиденција кој е на сила од 1995 година. Секое непочитување на Законот е кривично дело, велат од Министерството за правда.

Останува нејасно зошто доколку оваа графа за националност била задолжителна уште од 1995 година, истата ја нема во изводите изминативе 28 години.

Поврзани новости